Достапни линкови

Околу осум илјади жители од кумановската приградска населба Карпош, живеат без адреса, бидејќи улиците и нивните куќи сеуште не се нумерирани. Бидејќи нема податоци за адресата на живеење се соочуваат со многу проблеми кога треба да извадат лични документи.

„Луѓе без адреси“ себеси се нарекуваат околу осум илјади жители во кумановската приградска населба Карпош или попозната како Рајкова куќа, на само три-четири километри од градот. Нивните улици сеуште не се означени,како и броевите на нивните куќи.Затоа,тие мака мачат кога треба да пријават новородено дете, да извадат лична карта,пасош,возачка дозвола. Револтирани се од надлежните институции и како што раскажуваат принудени се да се снаоѓаат,кој како знае и умее. Пензионерот Живко Величковски за неговото и за талкањето на неговите соседи од едно на друго место за надминување на проблемот со нумеризацијата раскажува:
Било кој документ да извадиме-не можеме.Не упатуваат до Централниот регистер.Од таму пак во локалната самоуправа


,,Било кој документ да извадиме-не можеме.Не упатуваат до Централниот регистер.Од таму пак во локалната самоуправа.Знаеме дека локалната самоуправа донесе одлука за тоа,но ништо.Како да живееме на Голи Оток."

Вели овој кумановец.

,,Документи имаме со позајмена адреса од нашите роднини кои живеат во градот. Така,ние сме пријавени како да живееме на нивната адреса, а мојата улица 115 никаде ја нема."

Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека забелешките од овој тип упатени на адресата на локалната самоуправа се неосновани.
Има два-три реони кои не се вклопени.Тоа се диво изградени објекти кои немаат нумерички податоци,катастарска подлога,но и тие во најкоро време ќе бидат решени, а не се ниту 2 отсто


,,Не е точно. Локалната самоуправа за 98 отсто од населените места во Општината има изработено нумеризација.Тоа е поминато преку Советот и предадено е во Заводот за статистика."

За оние два процента без нумеризација Дамјановски со објаснување:

,,Има два-три реони кои не се вклопени.Тоа се диво изградени објекти кои немаат нумерички податоци,катастарска подлога,но и тие во најкоро време ќе бидат решени, а не се ниту 2 отсто."

Уште пред осум месеци жителите од оваа и од останатите приградски населби реагираа за надминување на проблемот со означување на нивните улици и проблемот со документите за идентификација и патни исправи. Некои го решија, а за некои процесот сеуште доцни. Дамјановски вели:

,,Најчесто доцни на релацијата од Заводот за статистика до МВР и поради тоа многу често се прозива локалната самоуправа."
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG