Достапни линкови

14 српски навивачи обвинети за убиство на французинот Татон


Белградскиот обвинител денеска покрена обвинение за 14 навивачи на фудбалскиот тим Партизан за убиството на францускиот државјанин Брис Татон во септември во 2009 година во Србија. Тој почина во болница на 29 септември, а беше нападнат во еден бар по натпреварот меѓу Тулуз и Партизан. Дванаесет од обвинетите се наоѓаат во притвор, а двајца се во бегство. Доколку бидат осудени тие ќе добијат затворска казна меѓу 30 и 40 години.

XS
SM
MD
LG