Достапни линкови

logo-print

Карзаи на состанок за безбедност по нападите на Талибанците


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска одржа состанок за безбедност на кој се разговараше за вчерашните престрелки и самоубиствени бомбашки напади на Талибанците во Кабул. По средбата кабинетот на Карзаи соопшти дека претседателот ги пофалил безбедносните сили за нивната одбрана на Кабул. Во борбите во близина на претседателската палата и на други владини згради загинаа најмалку 12 луѓе. Авганистанските сили заедно со советниците на НАТО по пет часовни борби успеаа да ја стават ситуацијата под контрола.
XS
SM
MD
LG