Достапни линкови

Клучни избори за здравствената реформа во САД


Во американската држава Масачусетс денеска се одржуваат избори за едно место во Сенатот кое се смета за клучно за судбината на законот за здравствена реформа што го предложи претседателот Барак Обама. Кандидатот на неговата Демократска партија Марта Кокли се соочува со републиканскиот кандидат Скот Браун во трката за пополнување на местото што остана испразнето по смртта на демократскиот сенатор Тед Кенеди, еден од главните поддржувачи на здравствената реформа. Последните анкети покажуваат дека Браун има мала предност и доколку победи тогаш демократите ќе ја немаат поддршката од 60 сенатори за одобрување на законот.
XS
SM
MD
LG