Достапни линкови

Главниот град на Хаити, Порт о Пренс се соочува со грабежи, насилство и вандализам, додека преживеаните од катастрофалниот земјотрес чекаат помош во храна и други основни потреби од меѓународната заедница.





Меѓународниот комитет на Црвениот крст предупреди дека насилството и грабежите се зголемуваат, бидејќи расте разочараноста меѓу преживеаните од земјотресот што пред една недела ја погоди оваа островска карипска држава.

,,Се разбира постојат инциденти тука и таму, тоа се спорадични инциденти, најмногу поради незадоволството што храната и водата не се доставуваат доволно брзо.,,

изјави шефот на мировните мисии на Обединетите нации Ален Лерој во Њујорк, додавајќи дека и натаму се можни безбедносни проблеми при доставата на хуманитарната помош. Американската армија вчера соопшти дека од авиони исфрлила 14 ипол илјади оброци и 15 илјади литри вода за жителите на Порт о Пренс. Таму престојуваше и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Се разбира постојат инциденти тука и таму, тоа се спорадични инциденти, најмногу поради незадоволството што храната и водата не се доставуваат доволно брзо...


,,Се надевам дека земјата ќе биде изградена на посилен и поодржлив начин. Ако има нешто што можам да направам тогаш сум подготвен да го сторам тоа, без оглед колку време ќе биде потребно.,,

Во меѓувреме во земјата треба да пристигнат уште две илјади американски војници кои ќе им се приклучат на 1700 војници кои веќе се на Хаити. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан ки Мун побара од Советот за безбедност да одобри испраќање на дополнителни 3.500 меѓународната полицајци и војници за да им се приклучат на 9 илјади мировници на Обединетите нации.

,,Неопходно е хаиќаните да видат дека денеска им е подобро од вчера. Тие треба да веруваат дека иднината ќе им биде поубава од минатото. Тоа е нашата универзална одговорност.,,

Изјави Бан ки Мун. Инаку, според претседателот на Доминиканската република Леонел Фернандез, меѓународната заедница ќе треба да
обезбеди 10 милијарди долари за целосна обнова на Хаити. ,,За да биде таа помош ефикасна потребно е да вклучува меѓународна стратегија, внатрешна координација во државата и јакнење на централната власт,, изјави Фернандез. Во Монтреал на 25 јануари треба да се одржи донаторска конференција за Хаити.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека во Соединетите држави преку телефонски СМС пораки само вчера биле собрани повеќе од 22 милиона долари помош за жртвите на земјотресот. Се прецизира дека пораки испратиле 2 милиона луѓе со што преку својот мобилен телефон донирале пари. Во земјотресот со сила од 7 степени според Рихтеровата скала, според некои проценки, можно е дека загинале над 200 илјади луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG