Достапни линкови

Кина: доживотен затвор за корупција


Поранешен судија на кинескиот Врховен суд е осуден на доживотен затвор за мито и корупција. Хуанг Сонгју е осуден во рамките на кинеската кампања за борба против корупцијата што претседателот Ху Џинтао ја оцени како една од најголемите закани за легитимноста на владеењето на Комунистичката партија. Хуанг е осуден за земање на над половина милион долари мито додека тој бил заменик претседател на Врховниот суд и за проневера на околу 200 илјади долари.
XS
SM
MD
LG