Достапни линкови

Рејтингот на сметка на државните интереси?


Лидерите на најголемите политички партии

Лидерите на најголемите политички партии

Според дел од домашните аналитичари политичките партии во Македонија мислејќи на сопствениот рејтинг често ги занемаруваат државните интереси. Тие додаваат, колку политичарите се поекстремни, толку поголем рејтинг имаат.

Во жарот на политичката борба, партиите пукаат од сите расположиви оружја. Мислејќи само на сопствениот рејтинг тие често ги занемаруваат државните интереси и последиците што може да настанат од таквите нивни активности, велат дел од домашните аналитичари.
Не се води сметка за пошироките интереси, не се води сметка за ништо друго, освен по секоја цена да се дојде и остане на власт.


По правило најострата борба се води за крупните политички прашања како процесот на евроинтеграции, спорот за името со Грција и меѓуетничките прашања.

Професор Мирјана Малевска вели дека е нормално политичките партии да се борат да дојдат и што подолго да останат на власт, но дека собирањето политички поени по секоја цена е поразително.

„Не се води сметка за пошироките интереси, не се води сметка за ништо друго, освен по секоја цена да се дојде и остане на власт.“

Професор Назми Малиќи вели дека имало периоди кога политичките партии се однесувале одговорно и дури и во жарот на политичката борба внимавале на државните интереси. Понекогаш партиите сепак се губат во нивните лични и партиски интереси и го занемаруваат државниот интерес, вели Малиќи.

„Во последно време особено во делот на процесот на приближу
Во последно време особено во делот на процесот на приближување на Македонија кон НАТО, повеќе на политичките партии им значи како маркетинг, позитивен вербализам само за јавноста.
вање на Македонија кон НАТО, повеќе на политичките партии им значи како маркетинг, позитивен вербализам само за јавноста.“

Малевска објаснува дека таквото однесување на политичките партии ги одвраќа граѓаните од политиката, што може да резултира со неизлегување на избори.

„И тоа се покажа така дека е најуспешната формула за подигање на рејтингот, доколку бидете што повеќе екстремни. Погледнете на ДПА сега рејтингот и се крена како последица на неколку екстремни изјави на нејзиниот лидер. Исто така и кај македонските политички партии, колку сте порадикални, попатриотски настроени, повеќе викате не може, не попуштаме, не даваме итн, толку повеќе ви расте рејтингот.“

Причините за вакво однесување на партиите, Малевска ги гледа во сиромаштијата и на лично и на државно ниво, во партизираноста, желбата за себепромоција и недостатокот од политичка култура.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG