Достапни линкови

Банкрот на најголемата јапонска авиокомпанија


Џапан Ерлајнс, најголемата авионска компанија во Азија денеска прогласи банкрот. Компанијата имала долг од околу 16 ипол милијарди долари и нејзиниот стечај, како што јавуваат агенциите, е еден од најголемите неуспеси на јапонската економија. Фирмата ќе продолжи да работи, но во рамките на програмата на владата за нејзина обнова. Притоа 15 илјади луѓе, или една третина од вработените во компанијата ќе ги загубат своите работни места. Пазарната вредност на Џапан Ерлајнс, погодена од економската криза, во моментов се проценува на околу 120 милиони долари, односно помалку од цената на еден авион од типот Џамбо џет.
XS
SM
MD
LG