Достапни линкови

Во Британија јавна истрага за војната во Ирак


Во Британија денеска почнува истрага за војната во Ирак на која треба да бидат сослушувани министри кои беа на функција за време на американската инвазија во март 2003 година. Имено, се испитува законитоста на британското учество во војната, како и на обвинувањата дека поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување. Британија испрати околу 45.000 војници да и се приклучат на инвазијата за соборување на режимот на Хусеин. Денеска пред Комисијата треба да се појави Џеф Хун кој тогаш беше министер за одбрана, а в четвртокот, Џек Строу, кој во времето на инвазијата, беше британски секретар за надворешни работи. Поранешниот премиер Тони Блер е предвидено да биде сослушан на 29 јануари.
XS
SM
MD
LG