Достапни линкови

logo-print

Зголемена безбедност во Кабул


Зголемени безбедносни мерки се воведени во Кабул по вчерашните самоубиствени бомбашки напади во центарот на главниот град на Авганистан. Во борбите во близина на претседателската палата и на други владини згради загинале најмалку 12 луѓе, меѓу нив и припадници на безбедносните сили, како и седуммина од напаѓачите. Авганистанските сили по петчасовни борби успеале, како што рече претседателот Хамид Карзаи, да ја стават ситуацијата под контрола. Одговорноста за нападите ја презедоа талибанските милитанти.
XS
SM
MD
LG