Достапни линкови

Со СМС пораки собрани 22 милиони долари


Со СМС пораки во Соединетите Американски Држави се собрани повеќе од 22 милиони долари помош за жртвите на земјотресот во Хаити , соопшти денеска Стејт департментот. Повеќе од 2 милиони луѓе во Америка испратиле порака преку својот мобилен телефон со која донирале пари за Хаити се вели во соопштението. Кампањата за ваквиот начин на собирање донации Стејт департментот и Црвениот Крст ја водат преку социјалните мрежи Твитер и Фасебоок. Денеска на социјалната мрежа твитер Барак Обама го напиша својот прв вистински пост.
XS
SM
MD
LG