Достапни линкови

Иванов - Со парче хартија не се менува идентитет


Претседателот Ѓорѓе Иванов се обраќа пред преставниците на дипломатскиот кор во Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов се обраќа пред преставниците на дипломатскиот кор во Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека идентитетот ,,е нешто што неможе да се одземе на маса, со парче хартија", додавајќи дека тое е чувство со кое човекот се раѓа. Иванов ова го порача на приемот што го организираше за претставниците на дипломатскиот кор во Македонија.

Успешно одржаните избори и визната либерализација се само дел од успесите на земјава од минатата година, а еден од главните предизвици било справувањето со негативните ефекти од светската економска криза, рече во своето обраќање пред дипломатскиот кор македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

,,Стравот и неизвесноста од размерите на глобалната финансиска криза се покажаа како оправдани. Последиците од оваа криза ќе не
Се надевам дека и нашиот сосед е свесен дека за идентитетските прашања никој на овој свет не разговара. Идентитетот е чувство со кое човекот се раѓа и таквото индивидуално чувство на граѓаните едноставно е невозможно да се одземе на маса, со парче хартија
оптоваруваат и оваа година, но добро е што првите знаци на закрепнување веќе се евидентираат и тоа глобално."

Старо–нов проблем, кој претседателот го посочи во обраќањето пред дипломатите, беше спорот со соседна Грција. Иванов посебно се задржа на грчката проблематизација на македонскиот идентитет:

Обраќање на хрватскиот амбасадор во Македонија Иван Кујунџиќ
,,Се надевам дека и нашиот сосед е свесен дека за идентитетските прашања никој на овој свет не разговара. Идентитетот е чувство со кое човекот се раѓа и таквото индивидуално чувство на граѓаните едноставно е невозможно да се одземе на маса, со парче хартија."

Хрватскиот амбасадор во земјава Иво Кујунџиќ рече дека и годинава светот ќе се соочува со бројни предизвици:

,,Финаниската криза сеуште има влијание во светот, глобалните потешкотии како што се климатските промени, недостиг на енергетски ресурски, болести и загрозената безбедност, остануваат сериозни меѓународни и регионални проблеми. Заради тие предизвици сите држави треба да придонесуваат за светскиот мир и развој и да ја зајакнуваат соработката и консолидацијата во овој период на криза."

Кујунџиќ изрази надеж дека Македонија успешно ќе се соочи со сите предизвици и ќе напредува во евроинтеграциите:

,,Се надеваме дека вашата земја ќе продолжи со своите реформски напори и дека успешно ќе ги реши сите отворени прашања кои создаваат потешкотии на тој пат. Вашето општество треба и понатаму да го поддржува европскиот пат со широк консензус и со поддршка на сите политички сили."

изјави Кујунџиќ.
XS
SM
MD
LG