Достапни линкови

Бан Ки Мун ќе го информира Советот за безбедност за Хаити


Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун денеска ќе го информира Советот за безбедност за последиците во Хаити по земјотресот, кој го погоди островот минатата недела. Официјалните лица соопштија дека бројката на загинати може да достигне до 200 илјади луѓе. Властите на Хаити вчера објавија дека досега се погребани 70 илјади луѓе во масовни гробници. Соединетите Американски Држави испратија илјадници војници да помогнат во дистрибуција на помош и во спроведување на безбедност.
XS
SM
MD
LG