Достапни линкови

Бериша бара комисии за штета од поплавите во Албанија


Албанскиот премиер Сали Бериша побара да се формират комисии за проценка на штетата од недамнешните поплави во Скадар во северниот дел на земјата. Тој соопшти дека по седницата на комисијата одговорна за ситуацијата властите одлучиле да ги обештетат жителите. Преземни се и мерки за дезинфекција и дератизација на поплавените места за да се спречи ширење на епидемии. Претходно опозициската Социјалистичка партија упати критики кон власта дека областа Шкодра била поплавена поради лошото управување на земјата.
XS
SM
MD
LG