Достапни линкови

logo-print

Туркменистан: Преместување на највисоката статуа на бившиот лидер


Туркменистанскиот претседател нареди отстранување на огромната статуа на неговиот авторитарен претходник, Сапармурат Нијазов. Споменикот, висок 75-метри е статив кој на врвот има 12 метри златна статуа која ротира кон сонцето. Таа е највисока и најпозната во Туркменистан каде што има многу споменици на починатиот Нијазов. Претседателот Гурбангули Бердмукамедов со декретот објави дека споменикот во март ке биде преместен во јужниот дел на главниот град на Туркменистан, Ашхабад. Овој потег е најнов во серијата негови чекори за намалување на култот на личноста на Нијазов.
XS
SM
MD
LG