Достапни линкови

Во БиХ постои мрежа за помош на Ратко Младиќ


Заменик високиот претставник во Босна и Херцеговина, Рафи Грегоријан изјави дека во Босна постои мрежа помагатели на Ратко Младиќ кој е осомничен и баран од Хашкиот трибунал за воени злостроства. Се смета дека поранешниот воен лидер на босанските срби се крие во Србија. Грегоријан во интервју за бањалучка телевизија изјави дека нема да има „рехабилитирани лица“, кои претходно се сменети со одлука на високите претставници а за кои постои сомневање дека и припаѓаат на мрежата за поддршка на обвинетите од Хашкиот трибунал се додека Младиќ е на слобода.
XS
SM
MD
LG