Достапни линкови

Атентаторот Мехмет Али Агџа е пуштен денеска од затвор


Мехмет Али Агџа, човекот кој го застрела и сериозно повреди папата Јован Павле Втори, денеска, по речиси 30 години е пуштен од затвор во близина на Анкара. 52 годишниот Агџа, поради потенцијална служба во турската војска беше однесен на преглед. Агџа беше поврзан со екстремно-десничарската турска организација Зелени волци, кога, на возраст од 23 години, отвори оган врз папата на 13 мај 1981 година, на плоштадот Свети Петар во Рим. Папа Јован Павле се сретна и му прости на Агџа за обидот за атентат во 1983 година, а тој издржуваше 19-годишна казна затвор во италијански затвор. Потоа, тој беше пренесен во Турција да служи уште една 10-годишна казна за убиството на турски новинар во 1979 година.
XS
SM
MD
LG