Достапни линкови

Чавез ќе национализира француски хипермаркети во Венецуела


Претседателот Хуго Чавез нареди експропријација на ланец на француски хипермаркети во Венецуела. Чавез изјави дека неговата влада ќе ја преземе контролата на ланецот продавници „Егзито“ откако правните власти одобрија закони со кои се овозможува експропријација на приватни бизниси поради државни интереси. Чавез неколку пати се закануваше дека ќе го национализира ланецот хипер маркети доколку француските газди не ги спуштат цените на производите во услови на најголемата девалвација на националната валута од 2005 година.
XS
SM
MD
LG