Достапни линкови

logo-print

Лидер на реформистичка партија осуден на 6 години во Иран


Иранските опозициски веб страни објавија дека властите го осудиле реформистот Мохсен Сафаи Фарахани на 6 години затвор. Тие не соопштуваат под кои обвиненија бил осуден, само дека Фарахани бил инфомиран вчера за одлуката. Тој беше уапсен заедно со други реформисти и новинари по спорните претседателски избори во јуни на кои победи Махмуд Ахмадинеџад. Информацијата не е официјално потврдена. Фарахани е лидер на една од најголемите ирански реформистички партии.
XS
SM
MD
LG