Достапни линкови

Прилепчани пасионирани обложувачи


Спортска обложувалница во Прилеп

Спортска обложувалница во Прилеп

Обложувањето на спортски натпревари е една од ,,главните забави" во Прилеп. Се повеќе млади луѓе, но и повозрасни слободното време го поминуваат во обложувалниците. Дел од граѓаните дури побарале и стручна психијатриска помош, за да ја совладаат оваа зависност.

Обложувачниците и интернет клубовите во Прилеп се посетувани речиси исто колку и угостителските локали. Во секој момент има посетители, кои сакаат да си пробаат својата среќа со спортски обложувања, кои сакаат да сурфаат на интернет. Ги има од сите возрасти. Не сакаат многу јавно да говорат, но тврдат дека ова е начин на забава кој што може да си го дозволат со малку пари. Така велат се релаксираат во тмурното секојдневие обременото со проблемите на немаштијата и невработеноста.

,,Скоро редовно се обложувам во обложувалнициве овде. Па нема кај да се оди, па најдобро е да се игра спортска прогноза. За ефтини пари, може големи добивки да се добијат. Сум бил, до кај 20.000 денари. Услови нема за шетање, мислам дека е доволно, додека се
Скоро редовно се обложувам во обложувалнициве овде. Па нема кај да се оди, па најдобро е да се игра спортска прогноза. За ефтини пари, може големи добивки да се добијат
пијани човек, дури замине дрога да прима низ чаршија, добро е и спортска прогноза да се игра. Ова е за нас, за постарите луѓе дека е феноменално место за прибирање."

коментира Митре Николоски. Многу граѓани инсистираат на нивната анонимност и категорично одбиваат да зборуваат јавно на ова тема. Дел од нив велат дека би имале проблем со семејството, ако блиските дознаат дека дел од парите од семејниот буџет се трошат на спортска прогноза. А,вработените во обложувалниците објаснуваат дека најчесто се обложуваат повозрасните, иако има и многу млади луѓе кои секојдневно оддвојуваат дел од својот скромен буџет со надеж дека ќе имаат среќа и ќе заработат многу пари.

,,Имаме играчи кои што редовно играат, се обложуваат редовно, има и стихијно по потреба, по нивна желба. Возраста варира од најмали до настари. Не ни е дозволено да вршиме уплата под 18 години, значи нагоре, постарите од 18 години редовно идат."

Вели Тошко Кусибојоски, од обложувалницата „Хоризонт„. Но, наспроти луѓето кои вака се забавуваат, се поголем е бројот на
Имаме играчи кои што редовно играат, се обложуваат редовно, има и стихијно по потреба, по нивна желба. Возраста варира од најмали до настари
граѓаните кои се опседнати со обложување и кај кои се евидентирани дури и промени во социјалното однесување како последица на оваа таканаречена зависност.Од невропсихијатрискиот оддел на прилепската болница информираат дека дел граѓани побарале стручна помош за да ја совладаат оваа таканаречена зависност од обложување. А, како што вели клиничкиот психолог Јован Велески во одредени случаи била неопходна и нивна хоспитализација.

,,Во два случаја беше потребна хоспитализација, бидејќи беше потешко нарушување на личниот интегритет и социјалното опкружување на пациентите, дури имаа и ментално-здравствени проблеми."

Наспроти повозрасните кои имаат вакви проблеми, медицинска помош побарале и 6 прилепски семејства за своите деца, кои се пасионирани вљубеници во тајните на интернетот, кои часови минуваат гледајќи во компјутерите, и кои ги забораваат сите други обврски и потреби за нормален и здрав живот.

,,Сме интервенирале кај 6 семејства, значи претежно се работи за еден семеен проблем и кај млади деца кои што нон-стоп играат и преку ноќ на интернет, така да им се нарушува и циркаријалниот ритам, значи спиењето како еден од главните фактори на менталното здравје."

Додава Велески. Тој објаснува дека наспроти европските земји во Македонија се уште нема официјална дијагноза за зависноста од обложување и интернет, но факт е дека современиот начин на живот ги создава овие проблеми кај граѓаните.
Сепак медицинските стручњаци веќе ги имаат првите искуства за успешно лекување на овие зависности. За да ги сменат своите животни навики, кои позитивно ќе се рефлектираат во севкупната манифестација на зависниците од обложување, неопходно е според медицинските стручњаци лицата да се изолираат, да се спроведе стручна психолошка и терапија со лекови.Додека зависноста од интернет бара ангажман на целото семејство и постепено намалување на времето што тинејџерите го поминуваат пред компјутерот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG