Достапни линкови

Фотографија на Медведев продадена за 1,7 милиони долари


Фотографија снимена од страна на рускиот претседател Димитри Медведев беше продадена на хуманитарна аукција во Санкт Петесбург за 1,7 милиони долари. Фотографијата е црно-бела и на неа е снимен еден замок, кој се наоѓа во некој сибирски град. Минатата година сликата на премиерот Владимир Путин беше продадена за 1,1 милион долари. На годишната аукција има и дела на руски политичари, спортисти и културни уметници, а парите кои ќе се соберат ќе одат за набавка на мебел за воените ветерани, за опрема на детска болница и за нова кујна во центарот за рехабилитација на зависници од алхохол.
XS
SM
MD
LG