Достапни линкови

Светските сили се состанаа за спроведување нови санкции за Иран


Претставници на Британија, Кина, Русија, Франција, како и САД и Германија се состанаа во Њу Јорк да разговараат за евентуални нови санкции против Иран, поради неговите нуклерани активности. Тие во октомври му понудија на Иран да разменат ураниум со нуклерано гориво. Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки соопшти дека земјата во принцип ја прифатила понудата, но со резерва. Состанокот на шесте светски сили го водеше Роберт Купер од ЕУ кој соопшти дека тие се договориле оти иранските власти не успеале да ги проследат клучните недоразбирања на состанокот во Женева и дека земјата одбила во иднина да разговара за нуклераното прашање.
XS
SM
MD
LG