Достапни линкови

logo-print

Михајло Маневски, министер за правда


Михајло Маневски, Министер за правда

Михајло Маневски, Министер за правда

Мислам дека нема одлука на ниту еден орган, па и одлуките на Уставниот суд, којшто неможат да бидат коментирани од научната, од стручната јавност, па и од граѓаните затоа што сепак со одлуките на Уставниот суд се допираат правата и слободата на граѓаните. Едно е сигурно, а тоа е дека одлуките на Уставниот суд мора да се извршуваат,

Г-дине Маневски, неодамна претседателот на Владата, чиј член сте и Вие, јавно упати критики до работата на Уставниот суд. Па дали и Вие се согласувате дека постојат проблеми во начинот на функционирање на овој суд?

Па, мислам дека ова прашање е често присутно во последниве денови во јавноста и мислам дека во јавноста се пласира една идеа дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат. Мислам дека тоа не е точно, мислам дека нема одлука на ниту еден орган, па и одлуките на Уставниот суд, којшто неможат да бидат коментирани од научната, од стручната јавност, па и од граѓаните затоа што сепак со одлуките на Уставниот суд се допираат правата и слободата на граѓаните. И оттука мислам дека нема ниту една забрана ниту во законите, па ниту во Уставот дека одлуките на Уставнот суд неможат да се коментираат. Едно е сигурно, а тоа е дека одлуките на Уставниот суд мора да се извршуваат, значи неможе да стане збор за тоа, дали ќе се извршува или не одлуката на Уставниот суд. Едноставно одлуката на Уставниот суд се извршува без било каков приговор и тоа е функција која што треба да ја оствари Владата во рамките на нејзините надлежности. И кога се разговара за одредни прашања во врска со одлуките кои што ги донесува Уставниот суд, мислам дека се покренаа значајни прашања. Беше прашањето за веронауката, за оценка на учениците односно интерното оценување итн. Значи беа покренати многу значајни прашања и тука неможе да не биде заинтересирана јавноста и да неможе да ги коментира тие одлуки и од аспект на тоа дали има право на верско образование, учење итн. и тргнувајќи од функцијата на она што значи од меѓународен аспект, од меѓународни форми и прописи каде што тоа не е присилно, каде што е со согласност на родителот итн. Навистина би било добро еднаш да се каже јасно и гласно дека секоја одлука на било кој орган на државата е подложна на одредени коментари, а вклучувајќи ги тука и одлуките на Уставниот суд, со тоа што има едно оградување дека одлуките на Уставниот суд мора да се извршуваат.

Меѓутоа овие критики доаѓаат од страна на премиерот. Дали воопшто во моментов се поставува прашањето за промени во поставеноста на Уставниот суд?

Јас немам такви информации за промена на поставеноста на Уставниот суд, иако можам да Ви кажам со оглед на моето долгогодишно искуство и во судските органи и во други органи, па еве и во Владата, каде што често се разговара за тоа како е поставен Уставниот суд особено околу онаа одредна која што е содржана во Уставниот суд каде што со сопствен правилник ја уредува постапката пред Уставниот суд. Има и во теоријата, има и во практиката, тоа беше особено актуелно пред неколку години кога беше покренато прашањето околу измената на Уставот со оглед на реформите на судството, и тогаш се поставуваше ова прашање дали не треба да се измени и таа уставна одреба, која не се измени со тоа да се создаде можност работата на Уставниот суд да биде регулирана со закон, а не со деловник на работа на судот како што е сега предвидено во Уставот. Мислам дека тоа се теоретски расправи, и секако дека тие заслужуваат внимание. И овој аспект секако дека, да Ви одговорам директно на прашањето, засега нема некои такви размислувања за измена на одредбите за уставната поставеност на Уставниот суд на Р Македонија.

Меѓутоа Вие знаете дека и во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата, посебно беше нотиран притисокот врз Уставниот суд. Што мислите од каде потекнуваат ваквите забелешки?

Јас мислам дека понекогаш многу лесно се посегнува кон тоа дека постои некаков притисок. Ако се тврди тоа треба да се каже во што се состои тој притисок, а Вие гледате какви одлуки донесува Уставниот суд, ги донесува некогаш со мнозинство на гласови па тоа се објавува, па дури и можност да се објават одредени ставови на судии на Уставниот суд што не се согласуваат со донесената одлука, тоа е значи право на судијата на Уставниот суд и мислам дека кога се прибегнува кон тоа да се етикетира и да се наведува дека се вршат притисоци врз Уставниот суд мислам дека тоа се предимензионира и мислам дека нема реална основа со тоа што објективно се случува во јавноста во Република Македонија.

Г-дине министере дали се партизирани судовите во Македонија?

Вака да Ви кажам сега. Партизирани судови. Што значи партизирани судови? Дали се сега партизирани, а дали беа партизирани пред четири години? Незнам. Како да Ви одговорам на тоа прашање. Само едно ќе Ви кажам - судовите во Македонија веќе не се тоа што беа пред четири години, судовите се нешто сосема друго во овој временски период со оглед на тоа дека судските реформи што ги спроведуваме ги даваат очекуваните резултати, затоа впрочем и се спроведуваат тие судски реформи.

Меѓутоа од страна на европските институции сеуште доаѓаат забелешки во однос на функционалноста и независноста на судовите?

Се согласувам, значи секогаш има можност да се направи повеќе и во јакнењето на самостојноста, во јакнењето на судскиот систем, во јакнењето на ефиканоста, ефективноста во вршењето на работите, намалување на траење на постапките, одговорноста во врска со вршењето на судската функција, значи тоа е еден процес кој што е контролиран од граѓаните. Во вкупниот обем на работа на судовите, значи ние мораме да ја мериме работата низ објективни параметри, ако во 2006 година судовите имале 1 732 000 предмети како обем, сега имаат 714 000 предмети помалку или тоа е некаде околу четвртина предмети помалку, ако приливот на предмети во 2006 година бил некаде околу 882 000 сега е сведен на 655 000 или тоа е некаде околу 26% помалку отколу што било во таа година и секоја година постојано се намалува приливот на новите предмети во судовите, а се намалува и бројот на нерешени предмети за околу 200 000 или за некаде околу 22%. Ќе се согласите дека тоа е еден огромен чекор напред што е направен во разрешување на состојбите и секако дека судството станува се поефикасно, поажурно, и секако обрнува внимание на она што значи доверба на граѓаните во судството.

Меѓутоа кога зборувате со Антикорупциската Комисија или пак со експертите од областа на борбата против корупцијата секогаш ќе Ви речат дека таа борба завршува во судството со оглед на тоа што ниту една од преставките не се процесуирани?

Мислам дека Македонија во ова време, ако направи добар исчекор, а тоа е исечкор во борбата против корупцијата и организираниот криминал ние тоа постојано го следиме. Што правиме на овој план? Ние прво донесуваме соодветна законска регулатива, само да споменам дека во измените на Кривичниот законик, ние сега воведовме за кривичните дела на корупцијата, примање и давање на поткуп кога лицето ќе биде осудено на казна од најмалку шест месеци, облигаторно да му биде изречена мерка забрана со занимање од 1 до 10 години. Потоа, ги зголемивме санкциите за кривичните дела и воведовме нови елементи за кривичното дело, тероризам, потоа воведовме нови елементи за кривичното дело, спречување на перење на пари, за кривичното дело, трговија со луѓе и криумчарење на мигранти. Ние не го имаме само судскиот систем како Министерство за правда, ние го имаме и политичкиот систем, од аспект на законот за финансирање на политичките партии, уредувањето на односите во врска со изборот за законодавство...

Но, дали тие се имплементираат?


Интензивно сега работиме на прочистување на избирачкиот список, токму во врска со ова прашање дали се имплементираат, ние значи тука ги доградуваме елементите на транспарентност и одговорноста. Сетоа што се работи и го споменав законот за информации од јавен карактер, јавно да се објавуваат законите, предлозите на законите, јавно да се објават извештаите, јавно да се објавата финансиските извештаи, јавно да се објават извештаите кои што се однесуваат за работата и финансирањето на одредени организации, па и невладините итн. И ние во законот за судовите сега донесуваме начело покрај на јавно и начело на транспарентност, со тоа што со законот ја создадовме обврската судот откако ќе ја донесе пресудата во рок од два дена да ја објави на веб страницата, сега сите судови за разлика од пред година и пол кога неможеше ниту да се замисли, сега имаат веб портали каде ги објавуваат пресудите. Имаат досега објавено над 10 000 пресуди за само три-четири месеци, а од први јануари годинава функционира системот за електронско водење на записниците и електронско водење на судските списи. Тоа е еден голем чекор што Македонија го прави, тука сакам и јавно да изразам благодарност до УСАИД што ни пружа целосна поддршка во имплементација на овој проект и од материјален аспект и од едукативен аспект, каде што навистина тоа е еден чекор напреди би рекол, во создавањето на електронско судство.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG