Достапни линкови

Властите во Хаити досега пронашле 20 000 тела


Меѓународната помош продолжува да пристигнува во Хаити. Премиерот Жан Макс Белериве соопшти дека властите на островот досега пронашле 20 илјади тела, без оние кои ги пронашле другите преживеани. Според Белериве бројката на загинати во земјотресот е минимум 100 илјади луѓе. Претходно Обединетите Нации соопштија дека градот Логан, кој се наоѓа западно од главниот град Порт О Пренс бил најтешко погоден од земјотресот.
XS
SM
MD
LG