Достапни линкови

Милибанд-НАТО повеќе да се активира во Авганистан


НАТО силите мора подеднакво да го понесат товарот за војната во Авганистан, во која најмногу учествуваат американските и британските сили, соопшти денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд. Тој изјави дека во Авганистан минатата година загинале двојно повеќе американски и британски војници во однос на изминатите години за разлика од бројката на НАТО силите, која не е променета. Во 2009 година во Авганистан животот го загубија 180 британски, 316 американски и 95 војници од земјите сојузници на НАТО.
XS
SM
MD
LG