Достапни линкови

Пакистанскиот талибански лидер со нов доказ дека е жив


Лидерот на Талибанците во Пакистан, Хакимулах Мехсуд денеска објави нова аудио снимка во која вели дека е жив и дека не е повреден по американскиот ракетен напад за време на состанокот на командантите на милитантите, кој се одржувал во близина на авганистанската граница. Тој соопштува дека новата снимка е поради сомневањата на некои луѓе и како доказ ја наведува денешната дата и вели дека не бил присутен на местото за време на инцидентот. Талибанците и вчера објавија аудио снимка од нивниот лидер за да ги негираат информациите дека тој загинал за време на инцидентот.


XS
SM
MD
LG