Достапни линкови

Комесарот за хуманитарна помош на ЕУ ќе отпатува во Хаити


Комесарот за хуманитарна помош на Европската Унија, Карел Де Гушт ќе отпатува за Хаити на почетокот на наредната недела за да види од прва рака што им е потребно на настраданите во земјотресот кој го погоди островот, соопшти денеска Европската Комисија. Тој во главниот град Порт О Пренс ќе се сретне со официјалните лица од земјата и со екипите на Обединетите Нации за да разговара со нив, како можат 27 земји членки на унијата заедно да помогнат.

XS
SM
MD
LG