Достапни линкови

Уапсен лидер на Ал Каеда во Ирак


Ирачката војска соопшти дека го уапсила лидерот на Ал Каеда, кој е осомничен дека бил вмешан во бомбашкиот напад во 2003 година на седиштето на Обединетите Нации во Багдад во кој животот го загубија 22 лица. Командатот на полицијата во Багдад, Касем Ата изјави дека Алван Ал Азави или Абу Имад е уапсен за време на една операција во градот. Тој соопштил и дека пред инвазијата на Соединетите Држави во Ирак во 2003 година, осомничениот бил пилот во авиокомпанија во соопственост на земјата.
XS
SM
MD
LG