Достапни линкови

Меѓународните набљудувачи во подготовки за изборите во Украина


Меѓународните избирачки набљудувачи соопштија денеска дека ги започнале подготовките за утрешните претседателски избори во Украина. Изборите ќе ги следат околу 600 набљудувачи од ОБСЕ, како и илјадници други од странски земји. Гласачите од земјата ќе треба да се одлучат меѓу премиерот Јулија Тимошенко, сегашниот претседател Виктор Јушченко и поранешниот премиер Виктор Јанукович. Тимошенко и Јанукович ветија доколку победат на престојните избори ќе ги подобрат односите со Русија, кои беа нарушени кога Јушченко стана претседател на земјата.
XS
SM
MD
LG