Достапни линкови

Бомба во Атина, нема повредени


Пред Министерството за информации во центарот на Атина, синоќа експлодирала бомба при што е предизвикана значителна материјална штета, но нема жртви и повредени, соопшти грчката полиција. Пред експлозијата имало анонимно предупредување, но никој не ја превзеде одговорноста. Грчката левичарска герилска група „Завера на огнените ќелии“ потврди на 12 јануари дека нејзини припадници поставиле бомба која на 10 јануари експлодира пред зградата на грчкиот Парламент во центарот на Атина. Во инцидентот немаше повредени.
XS
SM
MD
LG