Достапни линкови

logo-print

Колку македонските политичари користат Интернет?


Македонските политичари не доволно ги користат новите ,,медиуми" како интернетот, за да комуницираат и да остварат помасовна комуникација со граѓаните. Непрегледни и нефункционални веб страници, се одлика и на локалната и на централната власт, велат експертите од оваа област.

Блогови на кои одамна не е напишано ништо ново, немаат твитер акаунти и не се корисници на Фејсбук, ретко враќаат на мејлови. Ова би бил заклучок за тоа како македонските политичари се снаоѓаат со новите медиуми. Кај нас сеуште е практика она што имаат тие да го кажат да го соопштат на прес конференции. И ако може новинарите да се држат до темата и да не поставуваат нешто однадвор. И покрај тоа што е зголемена интернет пенетрацијата и покрај тоа што многу луѓе вестите ги дознаваат преку Интернет, сепак сеуште политичарите не го искористуваат неговиот капацитет и не им се обраќаат на своите гласачи преку актуелните социјални мрежи. За изминатите избори бевме сведоци на појавата на блогови на кандидатите за претседател на Македонија.

Секое чудо за три дена

На Фејсбук се правеа групи за поддршка на одреден кандидат за претседател или за градоначалник, но освен групи на подржувачи имаше и групи на противници. Но, како што вели една народна поговорка, „секое чудо за три дена“, па така и блоговите на
Многу мал дел од веб-сајтовите и на централната и на локалната власт, ги имаат сите оние функционалности кои што би им овозможиле на нивните посетители повеќенасочна или барам двонасочна комуникација со одговорните
политичарите беа активни само за време на предизборната кампања. На блогот на сегашниот претседател Горѓе Иванов последно што е
Блогот на претседателот Иванов подзаборавен
закачено е дека претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов бил во посета на села во малешевско-пијанечкиот регион. Текстот е објавен на 27 март-2009-та година. На неговиот твитер пак последното е дека се подготвува за кампања. Не се поарни ни блоговите на другите политичари. Од фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“ правеле истражување за тоа колку и како властите ги користат новите технологии за да комуницираат со своите потенцијални гласачи. Програмскиот координатор на Метаморфозис Филип Стојановски вели дека функционерите не го искористуваат потенцијалот кој го нуди интернетот:

,,Многу мал дел од веб-сајтовите и на централната и на локалната власт, ги имаат сите оние функционалности кои што би им овозможиле на нивните посетители повеќенасочна или барам двонасочна комуникација со одговорните. Исто така и во текот на изборите нашите политичари ги користеа новите технологии за комуникација, но без можност за да добијат одговор којшто можеби би довел до поквалитетни резултати."

Изборните кандидати не одговарале на електронска пошта

За време на изборите од Метаморфозис истражувале и колку од кандидатите одговараат на прашањата кои им се поставени на електронската пошта.
За жал од сите кандидати за градоначалник ниту еден ненајде за сходно да одговори за прашања од нивната надлежност кои што се однесуваа за нивната идна работа, а од седумте претседателски кандидати добивме само еден одговор
Електронските пораки од граѓаните „џанк меил“ за кандидатите

,,За жал од сите кандидати за градоначалник ниту еден ненајде за сходно да одговори за прашања од нивната надлежност кои што се однесуваа за нивната идна работа, а од седумте претседателски кандидати добивме само еден одговор."

Комуникологот и Интернет консултантот Дарко Булдиоски вели дека политичарите треба да користат Интернет особено ако се земе предвид дека луѓето кои користат интернет пред се се луѓе кои се помалку гледаат телевизија и читаат весници. Булдиоски вели дека Интернетот е сфера во која е потребна транспарентна и двонасочна комуникација.

,,Клучот е двонасочната комуникација и сослушувањето односно слушањето за тоа што има да каже народот, заедницата таму внатре, за да после тоа може соодветно да се одговори или да се влезе во самата дискусија, тука мислам дека се појавува најголемиот проблем кај нашите политичари. Двонасочната комуникација и можноста, односно подготвеноста за прифаќање на критика."
Мислам дека блоговите ги отворија затоа што некој им рекол дека така треба и дека тоа е интересно за да се собере некој глас. Тоа кај нас е ,,помодарски" дека треба да се отворат блогови па отворија. Сега во последно време по наредба отворија профили на Фејсбук и најверојатно некој друг ги работи за нив


И Филип Петровски, кој на јавноста и е познат по неговата политичка активност и по користењето на новите медиуми, вели дека многу од политичарите го користат интернетот по наредба.

,,Мислам дека блоговите ги отворија затоа што некој им рекол дека така треба и дека тоа е интересно за да се собере некој глас. Тоа кај нас е ,,помодарски" дека треба да се отворат блогови па отворија. Сега во последно време по наредба отворија профили на Фејсбук и најверојатно некој друг ги работи за нив."

Употребата на Интернетот во САД како ново политичко средство, сметаат американските аналитичари можеби најдобро ја илустрира фактот дека преку него се собрани милиони долари за политички кампањи, а десетици илјади лица преку Интернет организираат стотици политички состаноци. Мал дел од тоа како може да се искористи капацитетот на новите медиуми видовме уште во кампањата кога кандидати за претседател беа Џон Мек Кеин и Џорџ Буш. Тие го користеа Интернетот како ефикасно орудие за собирање финанскиска помош и за пренесување на својата порака. Ова уште повеќе се покажа на минатите избори кога Барак Обама беше многу активен на Твитер. Но, за такво нешто неможе да се зборува во Македонија, вели новинарот и блогер Владо Апостолов:

,,Разликата од Македонија и САД да речеме, е во тоа што Обама на пример ги користеше новите медиуми за да допре до сите луѓе го Америка, бидејќи неможе да оди да го посети секое село во Америка, што не е проблем за нашите кандидати."

Се собираат гласови, се дистрибуираат матријали, се шират вести, но слободниот простор може и негативно да се одрази врз политичката кариера. Се постираат клипчиња или статуси со контроверзни изјави кои подоцна од противниците на одреден политичар се искористуваат. Тоа во Америка и му се случи на републиканскиот кандидат за претседател Руди Џулијани, чија ќерка на „Фејсбук“ напишала дека е поддржувач на тогашниот демократски кандидат Барак Обама. Потоа следуваа критики дека нетребало да се задира во приватноста на податоците на Фејсбук, се критикуваа медиумите кои ја објавија веста.

Видеа на Јутјуб за политички цели

Кај нас пак сеуште е свеж примерот со контроверзното видео објавено на „Јутуб“ на кое Љубе Бошковски наводно сведочи против Јохан Трчуловски. Со снимката се отвараа вести, се правеа дебати и цели емисии. Филип Петровски, потпретседател на Обединети за Македонија вели дека зад сето тоа има политика и наскоро ке се открие кој го сторил тоа.
Се открива се што може, што би било некакво подметнување или уништување на одредена кариера. Посебно ова што беше со Љубе Бошковски тоа беше апсолутно режирано и наместено во Македонија, а беше претставено дека го ,,подигнал" некој човек од Бугарија, што е апсолутно нон сенс


Љубе Бошковски - колку видеото објавено на „Јутјуб“ влијае на неговата политичка кариера?
,,Се открива се што може, што би било некакво подметнување или уништување на одредена кариера. Посебно ова што беше со Љубе Бошковски тоа беше апсолутно режирано и наместено во Македонија, а беше претставено дека го ,,подигнал" некој човек од Бугарија, што е апсолутно нон сенс."

Неодамна за само една недела медиумите повторно се занимаваа со два настани чиј извор беше Интернет, првин осамна снимката на која директорот на државниот пазарен инспекторат кој во телефонски разговор соопштува колкава казна ќе му напише на конкурент на една скопска дискотека. Потоа се појавија фотографии на кој докторка се сликала на работното место додека зад неа лежи пациентка. Потоа фотографиите беа објавени на Фејсбук , а следуваа и коменетари за тоа како пациентката е облечена, во каква состојба била и слично. По објавувањето во медиумите и директорот и докторката останаа без работа. Аналитичарите велат дека колку и работите да се јавни, сепак треба да постои приватност на интернет.

Ерата на приватноста заврши?

Неодамна Фејсбук ги смени правилата за приватност, во зависност од подесувањата фотографиите можат да ги видат сите, без разлика
Се достапно за сите
дали ви се пријатели или не. Сајтот има 350 милиони корисници, па најчесто до сочните информации доаѓаат и медиумите, за кои тогаш постои дилема дали треба да ги објават. Директорот на Фејсбук, Марк Закерберг, вели дека ерата на приватноста е завршена.

,,Прашањето што многумина го поставуваат е, зошто воопшто би сакал да објавам информации на Интернет, или зошто би сакал да имам Интернет страница? Потоа, во изминативе пет или шест години блогирањето се рашири исто како и различните сервиси што овозможуваат луѓето да разменуваат повеќе информации. Луѓето почнаа да сакаат не само да споделуваат информации од различен тип, туку и поотворено и со повеќе луѓе. Таа општествена норма е нешто што еволуираше со тек на време. Ние ја гледаме нашата улога во системот така, постојано да ги воведуваме иновациите и да го надградуваме системот за да ги одразува моменталните општествени норми."

На 8 октомври, 2009, Европската комисија (ЕК) го повтори својот апел до сите земји-членки на ЕУ да ги зголемат заложбите за справување со опасностите за онлајн приватноста на јавноста, како што се спам пораките, шпионскиот и малициозен софтвер, врз основа на наодите од студијата побарана од страна на Комисијата.

Влијанието на Интернетот во политиката ќе се зголемува

Аналитичарите сметаат дека иако е прерано да се утврди точното влијание на Интернетот врз претседателската политика, јасно е дека
овој медиум претставува ново орудие во кампањите за да се влијае на гласачите, како и начин да се контактираат и поврзат
Телевизијата особено во Макеодонија е многу доминантна како медиум и тешко дека во следнава година или наредните две-три години ќе може да го сруши, да го изгуби тој примат
поддржувачите на одреден кандидат. Булдиоски вели дека на наредните избори борбата меѓу кандидатите ќе се води и на интернет. ,
Дарко Булдиоски, Интернет консултант

,И на Интернет. Не исклучиво на интернет, меѓутоа и на интернет. Телевизијата особено во Макеодонија е многу доминантна како медиум и тешко дека во следнава година или наредните две-три години ќе може да го сруши, да го изгуби тој примат."

Филип Петровски пак вели дека тие што доесега не се приклучиле кон новите медиуми задоцниле:

,,Бидејќи спорото објавување кога се во прашање информатстките технологии и малото задоцнување, значи всушност големо задоцнување. Така што оние што брзо ќе се прилагодат на тој начин на нов начин на комуницирање со луѓето ќе бидат во голема предност на наредните избори."

вели Петровски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG