Достапни линкови

logo-print

Убиени 5 милитанти во северен Вазиристан


Во најверојатно напад на американско беспилотно летало во северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан биле убиени 5 милитанти, јавија агенциите повикувајки се на пакистански безбедносни извори. Станува збор за уништување на гнездо на милитанти во близина на градот Мир Али. Во меѓувреме Асошиетед прес јави дека во ракетен напад бил убиен еден од најбараните милитанти од листата на терористи на Еф Би Ај. Станувало збор за Џамал Саед Абдул Рахим за кој се верува дека бил убиен на 9 јануари во северен Вазиристан.
XS
SM
MD
LG