Достапни линкови

Ракомет квалификации за СП: Литванија - Македонија 24 : 24


По два пораза во квалификациски натпревари, македонската ракометна репрезентација одигра нерешено со Литванија во третиот меѓусебен дуел. Попладнето во Адана во натпреварот од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2011 година, Македонија – Литванија играа 24:24. Македонските репрезентативци во првото полувреме водеа 15:10, но литванците ја надоместија разликата во вториот дел од натпреварот. Најефикасен играч на натпреварот беше македонскиот капитен Кире Лазаров со 11 постигнати голови.
Утре Македонија игра со домаќинот Турција, а в недела играат Литванија и Турција. Првопласираната селекција ќе обезбеди учество во баражот за СП во ракомет
XS
SM
MD
LG