Достапни линкови

Јосиповиќ ги покани сите претседатели на инаугурацијата во Загреб


Сите претседатели од државите на регионот со кои Хрватска има дипломатски односи се поканети на инаугуарацијата на 18 фебруари во Загреб, изјави за Радио Слободна Европа новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ.
Во интервју за РСЕ, Јосиповиќ додаде дека има разбирања за односите меѓу Косово и Србија, и дека евентуалното недоаѓање на Претседателот на Србија Борис Тадиќ, нема да ги загрози односите меѓу Белград и Загреб. Имено, Тадиќ своето доаѓање во Загреб го услови со неупатување покана до Претседателот на Косово Фатмир Сеидиу.
XS
SM
MD
LG