Достапни линкови

Милошоски: нема посериозни поместувања на грчкиот став за името


,,Во Грција постои морален дефицит кога се разговара за името на Македонија,,. Ова денеска во Скопје го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. ,,Иако во последните неколку месеци од грчка страна има изменета реторика, во суштина нема некои посериозни поместувања на нејзиниот став,, додаде Милошоски, одговорајќи на новинарски прашања по врачувањето на орденот „8 Септември“ на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.
XS
SM
MD
LG