Достапни линкови

Во Македонија екстрадиран Шкодран Идризи


Главниот осомничен за случајот Мавровски работници Шкодран Идризи денеска под големо полициско обезбедување од Германија е екстрадиран во Македонија. Ова го потврди Минситерството за правда, наведувајќи дека тој е израчан, заради извршување на казната затвор во траење од една година, изречена со пресуда на надлежниот суд за фалсификување исправа. Идризи беше уапсен од германската полиција во минатиот месец. Тој се бараше со две потерници: за случајот Мавровски работници и за фалсификување исправи. Случајот Мавровски работници е еден од четирите предмети за кои Хашкиот трибунал реши да не поведува постапка и ги врати на процесуирање во Македонија.
XS
SM
MD
LG