Достапни линкови

Во НАТО откако ќе се реши спорот за името


Премиерот Груевски и генералниот секретар на НАТО Расмусен во Брисел
Премиерот Груевски и генералниот секретар на НАТО Расмусен во Брисел

„Остануваме посветени на тоа вашата земја да ја видиме на маса како членка на Алијансата а пристапните преговори ќе продолжат се додека не се изнајде заеднички прифатливо решение за името,“ изјави генералниот секретар на НАТО Расмусен по денешната средба во Брисел со премиерот Груевски.

Вратите на НАТО за Македонија остануваат отворени но дури отккао ќе сереши спорот за името порача денеска од Брисел новиот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по средбата со македонскиот премиер.
Остануваме посветени на тоа вашата земја да ја видиме на маса како членка на Алијансата а пристапните преговори ќе продолжат се додека не се изнајде заеднички прифатливо решение за името. Се надеваме на проактивна позиција од страна на Скопје за да се изнајде компромис


„Остануваме посветени на тоа вашата земја да ја видиме на маса како членка на Алијансата а пристапните преговори ќе продолжат се додека не се изнајде заеднички прифатливо решение за името. Се надеваме на проактивна позиција од страна на Скопје за да се изнајде компромис“.

изјави Расмусен со назнака дека НАТО го поддржува барањето решение под покровителство на ООН и медијаторот Нимиц, а исто така ги повика инволвираните страни да бидат прагматични и иницијативни за да се разреши овој предизвик. Груевски повтори дека македонската влада е фокусирана на оваа тема

„Обидувајќи се да изнајде решение со коешто ќе бидат задоволни двете страни и ќе го прекине овој процес на блокирање.“

Во меѓувреме Македонија ќе остане посветена на реформите и на придонесот кон регионалната стабилност, рече Груевски.

Земја којашто извесува безбедност и којашто е во добри релации со НАТО ја нарече Македонија генералниот секретар на Алијансата кој се заблагодари и за македонското учество во мировните мисии.
Обидувајќи се да изнајде решение со коешто ќе бидат задоволни двете страни и ќе го прекине овој процес на блокирање

Поминаа нешто повеќе од година и пол од букурешкиот самит кога наместо покана добивме ветување дека ќе станеме членка на Алијансата веднаш штом се реши спорот со Грција. Самитот во Букурешт тогаш покажа дека јужниот сосед ќе го постави долгогодишниот спор за името као услов за македонксите европски и евцроатланстки интеграции. Членството во НАТО со консензус на сите партии за Македонија останува стратешка цел која ја следи наклонетоста и на граѓаните којаштио Расмусен денеска изрази надеж дека ќе успее да се одржи во така висок процент како и до сега. Ова беше прва средба на македонскиот премиер Груевски со новиот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по стапувањето на функцијата.
XS
SM
MD
LG