Достапни линкови

logo-print

ООН: На Хаити 300 илјади луѓе без домови


Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека по катастрофалниот земјотрес на Хаити нивните магацини во главниот град Порт о Пренс биле ограбени. Според портпаролот на оваа организација Емилија Касеља, гладните луѓе кои ја преживеале насреќата ги испразниле сите продавници за храна. Светската организација исто така соопшти дека околу 300 илјади луѓе во Порт о Пренс останале без покрив над главата. Меѓународниот Црвен крст проценува дека во земјотресот загинале околу 50 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG