Достапни линкови

Македонија во НАТО само со решение на спорот со името


,,Влезот на Македонија во НАТО зависи од решението на спорот со името. Колку побрзо се реши, толку побрзо Македонија ќе стане дел од Алијансата,, Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен по денешната средба во Брисел со македонскиот премиер Никола Груевски. Премиерот Груевски изрази уверување дека Македонија ќе ги продолжи обидите за изнаоѓање решение со кое ќе бидат задоволни и двете страни. На средбата станало збор за реформите во Македонија и за учеството во мисиите на НАТО.
XS
SM
MD
LG