Достапни линкови

logo-print

Министерството за здравство бара начини како да се реши состојбата со долговите на здравствените клиники, а притоа да се гарантира стабилност на здравствениот систем. Експертите сепак велат дека со години оддржуваме неодржлив здравствен систем и напластените проблеми навестуваат, тешка година за здравството.

Со цел наоѓање финансиско решение кое ќе гарантира стабилност на системот, Синдикатот на здравствените работници највува дека во понеделник идната недела ќе оствари средба со министерот за здравство на која ќе бидат побарани анализи за состојбите. До средбата доаѓа откако директорите на клиниките претходно постојано се жалеа дека буџетите се премногу мали и дека немаат средства да функционираат, а иако владата им ги отпиша долговите на почетокот на осамостојувањето дел од нив повторно направија долгови.

,,Имаме на терен, колку се реални, дали се реални и колку каде има, бидејќи не е секаде исто. По однос на болници, здравствени домови имаме различни ситуации и гледаме како тоа да се избалансира во корист на граѓаните."
Не реално е да се каже дека буџетите се намалени, Клиниките имаат долгови, а пациентите нема да го осетат тоа

изјави Симо Сиљановски кој ќе побара информација и за состојбите во однос на колективниот договор што вклучува исплата на придонеси и плата. За здравството ова е ретрограден проблем кој се очекуваше да биде надминат со внесувањето на придонесите за дежурства во бруто платата.

,,Се што е отстапување од него значи можност за тужење од страна на нашите вработени во однос на Министерството, а тоа значи губење на средства. Ако тоа не се испочитува секој има право после тоа да си ги побара средствата."

Министерството за здравство бара решение за финансиската стабилност, а од Клиниките кои имаат загуби највуваат дека пациентите нема да биде оштетени ниту ке има отпушатања од работа. Експертите прогнозираат дека незибежно претстои година во која здравството ќе почувствува негативни последици:

,,Не реално е да се каже дека буџетите се намалени, Клиниките имаат долгови, а пациентите нема да го осетат тоа."
Го зголемивме бројот на осигуреници, го зголемивме бројот на вработени, ги зголемивме платите, па мислам реално е дека тоа води кон една неодржливост и ние постојано го оддржуваме неодржливото


Владо Лазаревик од Институтот за Социјална медицина вели дека малку можности има како да се измерат негативните ефетки. Според него потребни се радикални мерки што вклучуваат неопходност од итна рационализација и вмрежувања на одредени неефикасни капацитети. Втора мерка е рационализација на пакет на здравствени услуги што значи зголемување на бројот на услуги кој ќе бидат ставени на негативната листа односно услуги кој здравството нема да ги плаќа:

,,Фондот имаше 20,5 милијарди денари приход за разлика од 2010 година кога има 19,2 милијарди денари. Таа разлика не само што не е компензирана со намален здравствен пакет, туку е компензирана со зголемени услуги. Го зголемивме бројот на осигуреници, го зголемивме бројот на вработени, ги зголемивме платите, па мислам реално е дека тоа води кон една неодржливост и ние постојано го оддржуваме неодржливото."

Министерот за здравство Бујар Османи изјави дека не треба, да се бараат дополнителни средства, туку во рамки на постоечките средства да се рационализира, додавајќи дека притоа како врвен приоритет ќе бидат граѓаните, односно пациентите кои треба да бидат услужени квалитетно.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG