Достапни линкови

logo-print

Русија ја подржа реформата на Судот за човекови права во Стразбур


Рускиот парламент Думата ја поддржа долго одложуваната реформа на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Русија е последната членка на Советот на Европа која го ратификува документот, познат како Протоколот 14 од Европската конвенција за човекови права. Со него ќе му се овозможи на судот поголема ефикасност.
Преставките од руски граѓани се една петтина од сите барања на 47 те земји членки поднесени во Советот на Европа. Русија го отфрли протоколот во 2006 година. Руски официјални лица често го критикуваа Судот во Стразбур, кој често носеше пресуди против Москва.
XS
SM
MD
LG