Достапни линкови

logo-print

Протести на грчките земјоделци и на границата со Македонија


Грчките земјоделци денеска ќе ги блокираат патиштата во многу региони на земјата во рамките на протестите кои ќе траеле и наредните денови. Тие се собирале и на граничните премини кон Македонија, Албанија, како и во реонот на Еврос кон границите со Бугарија и Турција. Се предвидува етапно да бидат блокирани патните артерии од градот Костур кон Албанија и Солун. Грчките земјоделци бараат осигурени субвенции, гарантирани откупни цени, намалување на производствените трошоци и замрзнување на нивните банкарски кредити.
XS
SM
MD
LG