Достапни линкови

Алармантна состојбата на Хаити по земјотресот


Од ОН соопштуваат дека во земјотресот на Хаити загинале најмалку 36 нивни припадници,8 се извлечени живи од под урнатините а околу 200 и натаму се водат за исчезнати. Три дена по катастрофалниот земјотрес на Хаити, земјата се соочува со хаос. Во знак на протест поради доцнењето на хуманитарната помош, агенциите јавуват дека некои патишта биле блокирани со човечки трупови. Владата забрани слетување на авиони заради пребукираност на аеродромот во престолнината и соопшти дека немаат доволно гориво за авионите кои го напуштаат Хаити. Земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала во вторникот го погоди Хаити и речиси го срамни со земја главниот град Порто о Пренс. Од целиот свет доаѓаат најави за помош на настраданото население. ОН го наименуваа поранешниот претседател Бил Клинтон за специјален пратеник на Хаити кој треба да ја координира американската помош, а претседателот Обама го замолили и Џорџ Буш да му помогне на Клинтон. Претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози доцна синоќа разговарале за состојбата во Хаити по земјотресот и се согласите дека е потребна меѓународна координација за помош на земјата, соопштуваат од Белата Куќа. Црвениот крст предвидува дека во земјотресот загинале повеќе од 50 илјади луѓе


XS
SM
MD
LG