Достапни линкови

Во Украина завршува предизборната кампања


Во Украина денеска завршува политичката кампања пред неделните претседателски избори. Анкетите покажуваат дека премиерот Јулија Тимошенко и кандидатот Виктор Јанукович се изедначани , а за претседателот Виктор Јушченко не се очекува да влезе во вториот круг. И Тимошенко и Јанукович ветуваат подобрување на врските со Русија кои беа доведени во прашање за време на власта на прозападниот Јушченко. Аналитичарите велат дека идната власт треба да се справи со лошата економска состојба.
XS
SM
MD
LG