Достапни линкови

Лидерот на пакистанските Талибанци избегнал напад врз него


И Пакистанските официјални лица и милитантите соопштуваат дека лидерот на пакистанските Талибанците бил цел на американски ракетен напад за врема на состанокот на командантите на милитантите кој се одржувал во близина на авганистанската граница, но тој избегал неповреден. Се претпоставува дека во нападот во северната пакистанска област Вазиристан загинале 12 бунтовници. Смртта на водачот на Талибанците, Хакимулах Мехсуд ќе беше голема победа за Вашингтон и Исламабад во нивната борба против исламистички милитанти. Мехсуд ја презеде одговрноста за нападот во декември во кој загинаа седум агенти на ЦИА, како и за неколку самоубиствени бомбашки напади во Пакистан во последниве неколку месеци против воени, цивилни и владини цели
XS
SM
MD
LG