Достапни линкови

logo-print

Боливија со авиони ќе се справува со шверцот со дрога


Боливија соопштиле дека купува 10 авиони од кинеско производство и 6 руски хелихоптери со кои ќе работат на сузбивање на шверцот со дрога и за намалување на криминалот. Тоа го соопштил министерот за одбрана Валкер Сан Мигел, со тоа демантирајки дека авионите се исклучиво за воени цели. За кинеските авиони Боливија треба да палти 58 милиони долари. Боливија минатата година ги протера американските агенти кои работеа на сузбивање на шверцот со дрога и оттогаш земјата нема радари и воздухопловна опрема за спречување на шверцот.

XS
SM
MD
LG