Достапни линкови

ЕК побарала објаснување од Франција за случајот со Рено


Европската комисија која се занимава со заштита на конкуренцијата во ЕУ, побарала од Француската Влада да објасни зошто го спречува францускиот произведувач на автомобили Рено, да го преселат производството на моделот Клио во Турција. Франција во февруари минатата година вети дека нема да го условува местото на производство на автомобилите. Но деновиве, француската Влада од раководството на Рено побарала да не се преселува производството на Клио во Турција , туку во време на криза да гледаат да ги сочуваат работните места во Франција. Француската држава е сопственик на 15 проценти од Рено.
XS
SM
MD
LG