Достапни линкови

Авганистанскиот парламент ќе гласа во сабота за новиот кабинет на Карзаи


Авганистанскиот парламент во сабота ќе гласа за новата листа на кандидати за кабинетот на претседателот Хамид Карзаи, откако законодавците пред две недели одбија над две третини од номинираните. Карази на 27 декември побара од парламентот да го одложи одморот за новиот кабинет да биде оформен до конференцијата во Лондон на 28 јануари, која ќе биде посветена на Авганистан. Пратеничката Шукриа Баракзаи соопшти дека очекува парламентот да изгласа голем дел од номинациите, но и дека некои од нив и овој пат ќе бидат одбиени.
XS
SM
MD
LG