Достапни линкови

Погребан иранскиот физичар Мухамади


Во Техеран денеска беше погребан иранскиот професор по физика Масуд Али Мухамади, кој беше убиен во експлозија на автомобил бомба пред неговата куќа. Никој не ја превзеде одговорноста за убиството, а иранските власти ги обвинија Соединетите Држави и Израел дека стојат зад нападот. Илјадници луѓе присуствувале на погребот, а некои од нив извикувале смрт на Америка и на Израел.
XS
SM
MD
LG