Достапни линкови

САД - Кина, можен спор за Интернетот


Кинеските власти денеска соопштија дека странските интернет компании се добредојдени во Кина, но оти мора да работат во согласност со законот. Овој став доаѓа откако Гугл се закани дека ќе си замине од Кина поради цензурата. Кинеските власти редовно ги блокираат содржините за кои сметаат дека не се политички коректни. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон побара објаснување од Кина за поплаките на Гугл, а кинескиот парламентарец Ву Бангуо ги повика Соединетите Држави да ги почитуваат суштинските интереси и чувствителните прашања во интерес на меѓусебните добри односи.
XS
SM
MD
LG